Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Филков: Транспарентност и одговорност како темел на ефикасно судство

Јасни критериуми за избор и унапредување, но и за дисциплинска одговорност е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јасни критериуми за избор и унапредување, но и за дисциплинска одговорност е меѓу најважните предуслови за ефикасен судски систем. Министерот Филков ги образложи законските решенија кои предвидуваат обезбедување на целосна независност и зголемување на ефикасноста на правосудството. 

Предвидена е ѝ итна постапка за утврдување одговорност на судија или претседател на суд, која не може да трае подолго од шест месеци“, изјави Игор Филков министер за правда.

На последната седница Владата го усвои новиот Закон за Советот на јавни обвинители, а Филков очекува истиот да биде прифатен и од пратениците во Собранието.  Унапредувањата ќе бидат според заслуги, а со законското решние се прецизираат и роковите за постапките.

Реклама

Воведуваме јасен мерит-систем за избор, унапредување и оценување на јавните обвинители. Предвидуваме прецизни  основи за престанок на функцијата вклучително и во случаи на правосилна осуда за кривично дело“, изјави Игор Филков, министер за правда.

За директорката на Академијата за судии и јавни обвинители непристрасноста и интегритетот при носењето на одлуки на судиите и јавните обвинители се суштински за заштита на владеењето на правото, но, неопходни се соодвени обуки и финансиска поддршка.

„Конитнуираната едукација ги јакне професионалните капацитети на судиите и обвинителите и ја намалува подложноста на надворешни влијанија“, изјави Ирина Трајкоска Стрезовски – директорката на Академијата за судии и јавни обвинители.

Заменик-претседателката на Советот на јавни обвинители, Марјана Илиеска, истакна дека државата презема чекори за реформирање на Советот, особено во делот на изборот на јавни обвинители, со цел исполнување на европските стандарди, а Анастасовска од Судскиот совет, додаде дека новиот Закон нуди рамка за подобрување на процесите.

„Во законот се инкорпонирани сите препораки и поголемиот дел од препораките на Оценската мисија, се потрудил да ги следи стандардите на советот на европа мислењата на Венецијснската комисија“, изјави Сузана Јошевска Анастасовска – член на судски совет на Македонија.

Измените  според Филков се резултат на констатирани слабости во правосудниот систем во изминатиот период, како што се долготрајни постапки, случаи на корупција, недоволна транспарентност и отсуство на ефективна одговорност.