Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Прилози

Трендафилов политичка алатка: За многу скоро јавноста ќе види кои политички центри на моќ стојат зад блокадите

Одредени партиски центри преку Слободан Трендафилов си ги туркаат своите политички интереси.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одредени партиски центри преку Слободан Трендафилов си ги туркаат своите политички интереси. За многу скоро јавноста ќе види кои центри на моќ стојат зад оние кои ги блокираат улиците и булеварите во главниот град. Премиерот Христијан Мицкоски потенцира дека работничките права не се причината за синдикалните протести последниов период, туку станувало збор за сценарио режирано од опозицијата.

-Стратегијата е јасна, стратегијата има политичка позадина. Деновиве ќе видите кои се луѓето кои што протестираат и на кои политички партии припаѓаат еден по еден. И ќе стане јасно на македонската јавност дека улиците и булеварите практично се блокирани овие денови од страна на луѓе кои што се партиски истакнати активисти, членови на конгрес на политички партии, општински организации итн. И ова ќе продолжи, зошто, затоа што кога тоа би го направиле и едните и другите би имало партизација на барањата, изјави Мицкоски.

Претходно првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, директно ја нападна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, затоа што таа објави видео во кое се гледа како со службено возило ги развозува неговите деца.

Реклама

По ова тој се закани со тужби но и излезе и со серија навреди иако во видеото идентиетот на неговите деца беше сокриен.

-Мораше господинот Трендафилов да биде малку покултурен со својот речник и сите оние навреди кои што ги кажа, заслужуваат во најмала рака да денеска пратеничката Дафина Стојаноска добие извинување од негова страна. Доколку тоа не го стори, уште еднаш ќе ја пропушти шанста да видиме човечки материјал во него. Од друга страна кога ќе биде критикуван тогаш почнува да навредува и со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри, сопруги, изјави Мицкоски.

Од владејчката партија повиквуаат на реакција на домашните и меѓународни организации за заштита на правата на жените, до невладиниот сектор и до Народниот правобранител, оценувајќи дека молкот пред вакви напади охрабрува понатамошни притисоци врз жени во јавниот живот.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа и Јавното обвинителство да отвори истрага, како и Трендафилот да одговори: колку пати службеното возило било користено во приватни цели, колку гориво е потрошено и дали имало други злоупотреби на функцијата.

Матеја Петровски