Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Масакр во средно училиште во Канада

Масакр во градот Тамблер Риџ, Канада. Џеси Стренг за која медиумите објавија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Масакр во градот Тамблер Риџ, Канада. Џеси Стренг за која медиумите објавија дека е трансродово лице, влегла во средно училиште и почнала да пука. Иако полицијата сè уште официјално не го објавила идентитетот на напаѓачот, според локалните жители таа наводно најпрво ги убила мајка си и братот, па следувал нападот на локалното средно школо. Шестмина се пронајдени мртви во училиштето, а  уште едно лице починало на пат кон болница. Повредени се повеќе од 25 луѓе, од кои двајца се во сериозна состојба.

Локалците го опишуваат напаѓачот како трансродово лице, повлечено и мирно. Тие раскажуваат за кобниот момент. Велат дека траумата што ја доживеала заедницата е огромна, а за малото градче потенцираат дека до сега било исклучително безбедно место.

„На почетокот мислев дека станува збор за некаква вежба. Но кога почнаа да се шират информации и сфативме колку е сериозна ситуацијата, ги барикадиравме вратите, ставивме железни маси пред нив и останавме во просторијата околу два часа. Цело време бев на телефон со мајка ми. По околу два и пол часа, полицијата влезе и им нареди на сите да ги кренат рацете, по што нè изведоа надвор од зградата.“- вели Даријан Квист, ученик во средното училиште.

Реклама

„Трагедијата што се случи е голем предизвик. Ги познавам овие деца. Ги гледав како растат, комуницирав со нив, ги гледав на спортски настани, ги гледав насекаде. И сознанието дека повеќе нема да ги видам, дека повеќе нема да ги гледаме, и дека нивните семејства треба да живеат со загуба што не можам ни да ја замислам…Самата помисла дека нешто може да му се случи на моето семејство е речиси неподнослива.“- вели советникот на општината, Крис Норбери.

Надлежните најавија дека во наредните денови ќе објават дополнителни информации.

„Побаравме трпение. Разбираме дека жителите на Тамблер Риџ сакаат да знаат сѐ што е можно и да разберат што се случило. Нашите тимови работат на терен. Веќе известивме дека заедницата е безбедна и сигурна и дека заканата од овој инцидент е завршена. Сепак, нашата работа за директно засегнатите и за заедницата како целина продолжува. Ќе обезбедуваме информации колку што е можно почесто и што е можно подетално“– вели Дејвид Еби, премиерот на Британска Колумбија.

Истрагата за овој масакр е во тек.