Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Манасиевски: Луѓе на Оливер Спасовски вршеле притисок врз обвинители од СЈО кои луѓе да се гонат, СЈО работело под насока на Заев и СДСМ, поврзаноста оди и до судовите

Луѓе на Оливер Спасовски вршеле притисок врз обвинители од СЈО за тоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Луѓе на Оливер Спасовски вршеле притисок врз обвинители од СЈО за тоа кои луѓе да се гонат, а кои да се изземат од одредени случаи, односно СЈО работело под насока на Заев и СДСМ, истакна Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

Советник на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во техничката влада пред околу 10тина години, во канцелариите на СЈО и кажал на обвинителката Кадриу, дека треба да се прошири опсегот на лица опфатени со случајот, случај кој тогаш го работела обвинителката Кадриу.  Откако ова таа не го прифатила, тој си заминал на друго место да се жали, а за кратко време обвинителката Кадриу била избркана од работа.

На овој начин СДСМ, Заев и Оливер Спасовски, раководеле преку Катица Јанева со СЈО. Тие одлучувале кој предмет ќе треба да се работи, кој обвинител ќе го работи  и кои лица ќе треба да се опфатат и кој ќе треба да се одговара.

Реклама

Сите овие предмети меѓу другите обвинители ги работеле и Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска, додека Катица Јанева била само координатор, бидејќи немала познавање од материјата.

Донесените кривични пријави, кои ќе повторам биле напишани на ливче и не биле запишани согласно закон од страна на оваа претходна четворка која ја споменав, биле пренесувани од ЈО, за да ги работи СЈО, поради желбата на Зоран Заев и СДСМ. Доколку некој не сакал да ги работи овие предмети, бил оттргнат од СЈО, како што е и случајот со поранешната обвинителка од СЈО, Лејла Кадриу, која вели дека не сакала да учествува во криминалот на Јанева и затоа била избркана од работа.

Дополнително на ова, истите овие материјали, во форма на прислушувани разговори, таканаречени бомби кои СДСМ и Заев ги пуштаа во јавноста, не можеле да бидат доказ во судски предмет, поради тоа што станува збор за вербален деликт. Но, со само една одлука на апелационен судија ова стана доказ во овие случаи. А, да ја потсетиме јавноста, дека пред само еден месец, кај еден апелационен судија беа најдени пари заѕидани во ѕид, што отвара дополнителни сомнежи.

Според сведоштвото на Кадриу, ова било добро смислено за да се спреми терен за да се прифаќа во судот се што СЈО ќе измисли по насока на СДСМ. До толку било поврзано судството и обвинителството и СЈО како институција, да овде не станува збор за правда и одговорност, туку исполнување на желбите на поединци од СДСМ, како Заев и Спасовски, преку обвинителите во СЈО, кои работеле незаконито. Доколку некој одреден судија не се однесувал како тимски играч со Катица и СЈО, му се правеле одредени притисоци и закани, за да се отргне пречката, за да можат СЈО и СДСМ ја продолжат нивната игра.

Токму поради овие работи, поранешен судија, претседател на еден од судовите во Македонија, беше и осуден на затворска казна.

Почитувани граѓани,

Вистината порано или подоцна излегува на виделина. Се што ВМРО-ДПМНЕ говореше во минатото, денес самите обвинители од тогашното СЈО го потврдуваат. Најголемото зло кое му се има случено на правосудниот и политичкиот систем во Македонија е СЈО и СДСМ, предводени од Катица Јанева и Зоран Заев. Едната личност знаеме како заврши, очекуваме ЈО да си го испита и овој случај и неселективно да постапува.