Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Просечната кошничка ќе биде најмалку 10 отсто пониска од синдикалната, изготвена е, се чека одговор од синдикатите и работодавачите

Просечната потрошувачка кошничка е изготвена уште минатата година, но се уште, повеќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Просечната потрошувачка кошничка е изготвена уште минатата година, но се уште, повеќе од шест месеци, се чека одговорот од синдикатите и работодавачите – да кажат дали е во ред или имаат некакви сугестии кои можеби би требало да се вградат во неа.

Како што рече вечерва заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, на гостувањето на една од националните телевизии, просечната кошничка ќе биде најмалку 10 отсто пониска во однос на синдикалната и од неа се исклучени цигарите, тутунот, алкохолот и станарината.

Според Ристески, синдикатите ја пресметувале синдикалната кошничка врз основа на цените од еден или два маркета, ги земале предвид сезонските овошја и зеленчук кои не се карактеристични за соодветните периоди, а ја калкулирале и киријата. Притоа, податоците не се однеусвале за цел месец, туку кошничката се пресметувала на 20-ти во месецот. Како што рече, тоа го правеле за да вршат синдикален притисок во јавноста и врз Владата за зголемување на платите. 

Реклама
– Në vend që të merren me politikë, sindikatat që po protestojnë të bëjnë analizë si do të ndikonte paga minimale prej 600 euro të cilën e kërkojnë, nëse do të shkaktojë mbyllje të ndërmarrje

-Потрошувачката кошничка е изготвена уште во првиот дел минатата година, на 30 јули на Економско-социјалниот совет (ЕСС) ја дадовме на увид на синдикатите и работодавачите и се уште очекуваме одговори од нив, еве, повеќе од шест месеци, да кажат дали е во ред или имаат некакви сугестии што би требало да се вградат. Кога тоа ќе го направат, ќе ја поставиме на ЕСС и ќе почнеме да ја пресметуваме. Ние имаме направно пресметка и има разлика во однос на синдикалната кошничка. Просечната потрошувачка кошничка е пониска од минималната, а разликата во однос на синдикалната сигурно ќе биде повеќе од 10 отсто. Параметрите се земени од Државниот завод за статистика, врз база на шест синџири на маркети на национално ниво, два регионални маркета, зелени пазари од различни региони и Земјоделскиот пазарен информативен систем. Се изработува врз основа на два дела: првиот е храна и безалкохолни пијалаци, а вториот услуги и други потреби за едно просечно четиричлено семејство. Сите овие релевантни податоци даваат реална слика за просечните потреби на едно семејство. Оваа кошничка ги има исклучено акцизните стоки како цигарите, тутунот и алкохолот како луксузни, но и станарината зашто според пописот, во 2021 година 90 отсто од населението не плаќа кирија, информира Ристески.

Тој потенцира дека просечната потрошувачка кошничка нема да биде конкурент на синдикалната, зашто, секако, синдикатите имааат право да ги бараат своите права.