Реклама
Економија

Пад на невработеноста во Македонија, бројката на невработени се спушти под 91 илјада луѓе

Податоците на Агенцијата за вработување за изминатата година потврдуваат дека во ноември…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Податоците на Агенцијата за вработување за изминатата година потврдуваат дека во ноември лани се регистрирани 90.278 невработени, што претставува најниска бројка во последните неколку години. Падот е константен низ целиот последен квартал.

Во август бројката изнесувала 95 илјади граѓани, за веќе во октомври да се спушти на 94.729, додека во ноември е забележано најзначајното намалување. Дополнително, во категоријата „други лица кои бараат работа“ моментално се пријавени 42.614 граѓани. Географски гледано, најголема концентрација на невработеност има во Скопје, со малку повеќе од 20 илјади лица.