Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Во Берово одржана инфо сесија за Јавниот повик за граѓански организации

Во Берово денеска се одржа информативна сесија за Јавниот повик за граѓански…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Берово денеска се одржа информативна сесија за Јавниот повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти, во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 – ReLOaD3, финансиски поддржана од Европската Унија.

Градоначалникот Петар Ружински кој присуствуваше на средбата изрази искрена благодарност до Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, како и до Европската Унија, кои преку ReLOaD3 овозможуваат јакнење на капацитетите на граѓанскиот сектор во Берово и создаваат реални можности за имплементација на значајни проекти во општината.

-Денешната инфо сесија претставуваше можност за појаснување на сите аспекти поврзани со јавниот повик, со цел граѓанските организации да подготват квалитетни, одржливи и реални проектни апликации.За сите дополнителни прашања, можност за појаснување и менторска поддршка при подготовка на апликациите, согласно ЛОТ методологијата, граѓанските организации ќе имаат можност и во текот на утрешниот ден, истакна Ружински.

Реклама

Тој изрази надеж дека преку заедничка работа ќе се придонесе кон создавање проекти кои ќе донесат конкретни и видливи придобивки за граѓаните на Берово.

Сесијата ја карактеризираше отворена атмосфера, дискусии и размена на идеи, а присутните организации ја искористија можноста да поставуваат прашања и да добијат конкретни совети за реализација на проектите. Овој настан е само еден од низата активности со кои општината Берово, во соработка со УНДП и ЕУ, ја поттикнува и поддржува иновативноста и активизмот на граѓанските организации.

За сите дополнителни прашања, можност за појаснување и менторска поддршка при подготовка на апликациите, согласно ЛОТ методологијата, граѓанските организации ќе имаат можност да дискутираат во текот на утрешниот ден.