Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Клековски: Во дебатата за минималната плата се мешаат „баби и жаби“, Македонија не е на дното

Погрешни споредби, неточни заклучоци, мешање на „баби и жаби“… вака директорот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Погрешни споредби, неточни заклучоци, мешање на „баби и жаби“… вака директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, ја оценува јавната расправа за минималната плата во Македонија.

Во однос на барањата минималната плата да достигне 600 евра и тврдењето дека земјата е на дното во регионот, Клековски посочува дека клучниот проблем е мешањето на нето и бруто платите и игнорирањето на паритетот на куповна моќ.

Тој потсетува дека „Евростат“ при споредбите користи бруто плати за да се избегнат разликите во даночните и социјалните системи. Како пример, ја наведува Црна Гора, каде минималната плата изнесува 600 евра нето, но во бруто износ е околу 670 евра, додека во Македонија е 586 евра, што, според него, покажува дека земјата не е на дното.

Реклама

Разликата произлегува од пониските придонеси и даноци во Црна Гора, каде здравствениот придонес и персоналниот данок за помали плати се нула, но затоа ДДВ изнесува 21 процент, наспроти 18 проценти кај нас.

Клековски нагласува дека платите можат административно да се зголемат со намалување на даноците и придонесите, но тоа би значело повисок ДДВ и поскапување на животот.

Како клучен индикатор, тој го посочува паритетот на куповна моќ, кој покажува колку реално може да се купи со одредена плата, земајќи ги предвид цените и трошоците за живот.

Според овој индикатор, минималната бруто плата во Македонија изнесува 1.069 евра, со што земјата се позиционира пред Црна Гора, Бугарија, Чешка, Латвија и Естонија.