Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Мицкоски: Направивме храбар, историски чекор, очекувам администрацијата да ги подобри услугите кон граѓаните и бизнисот

Околу 11 000 вработени во админстрацијата ќе бидат опфатени со Договорот што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Околу 11 000 вработени во админстрацијата ќе бидат опфатени со Договорот што го постигнаа нејзините репрезентативни синдикати со Владата. Договорот ќе трае до 2028 година и за негова реализација ќе бидат потребни нешто над 10 милиони евра. 

Премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција по средбата во Владата со репрезентативните синдикати на администрацијата, оцени дека постигнатиот Договор е храбар, историски чекор. Притоа напомена дека, како што Владата ќе го регулира зголемувањето на платите, така очекува и администрацијата да испорача подобри услуги за граѓаните и бизнисот.

Според Мицкоски, Договорот треба да се операционализира преку индивидуални договори.

Реклама

-Со ова, Владата, како најголем работодавач, целосно воспоставува Договор со рок на траење до 2028 година и ги има регулирано односите со колегите во институциите. Ова е историски момент зашто досега никогаш порано не се случило да имаме ваков план за зголемување на платите за да дојдеме до некое достоинстевнмо ниво. Ова се тие храбри чекори што ги правиме, дури и во услови на светски и домашни предизвици кои влијаат на економијата, со домаќинско зрело и одговорно работење, истакна премиерот.

Тој потсети дека Општиот коективен договор е истечен, напоменувајќи дека Владата е подготвена да седне заедно со ССМ и КСС да испрегповара нов Општ колокетивен договор, како единствена алатка врз основа на која ќе бидат исплаќани платите.

-Ваква вин-вин комбинација можеме да го направиме со зрело работење и доверба која мислам дека со одредени структури во синдикатите Владата ја има и ја гради, но има структури кои никако да излезат од прегратките на некои политички партии. Јас сум задоовлен, очекувам уште многу вакви усшешни моменти понатаму, рече Мицкоски.