Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Мицкоски ќе се сретне со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата ќе оствари средба со репрезентативните синдикати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата ќе оствари средба со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата, информираат од владината прес-служба.

Претходно на 5-ти овој месец во Владата се одржа средба со претставници на УПОЗ, по чие завршување претседателот на овој синдикат Трпе Деановски информираше дека Владата го прифатила нивното барање, но, како што истакна, не во целост.

– Како што најавуваме минатата година, зголемувањето ќе биде на неколку години, на 3 рати, по 8 проценти, за жал, не по 10. Пак ќе повторам, за жал, не ги добивме минатата година, меѓутоа, еве, Владата прифати да ги исплаќа од сега со почетокот од март преку начин што сите институции од државната управа и правосуството, значи судовите, обвинителствата… ќе треба да потпишат поединечни колективни договори за да го добијат ова право, рече Деановски.

Реклама

Појасни дека за ова да се реализира, треба се спреми текстот на овие колективни договори заедно со претставниците на Владата и Синдикатот. Потоа договорите треба да бидат ставени на гласање пред органите и телата на Синдикатот.

Тој нагласи дека ако членовите ги прифатат договорите, ќе може веднаш да се продолжи со нивно потпишување.

– Доколку не прифатат, Владата ќе добие наш одговор дека веќе е изгубена една година, а работниците можеби ќе бараат и повисоки износи од она што сега е понудено и ди видиме дали ќе има условување од Владата за откажување од нешто другото, изјави Деановски.

На 6 февруари од УПОЗ информираа дека за 95 проценти од досега изјаснетите синдикални организации на УПОЗ, е прифатлив договорот со Владата зголемување на платите за 40 проценти.

– По изјаснувањето на сите синдикални организации, Синдикатот на УПОЗ во текот на наредната недела ќе оствари работна средба со претставниците на Владата, на која ќе бидат договорени опфатот и теркот на колективниот договор, најавија тогаш од УПОЗ.

Претходната средба следуваше откога премиерот даде понуда за раст на платите за која УПОЗ потврди дека е прифатлива и дека дополнително ќе се разговара во рамките на синдикалните организации.