Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Уапсени три лица во Скопје осомничени за активности на Исламската држава

Три лица од Скопје се уапсени поради сомнеж дека спроведувале активности на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Три лица од Скопје се уапсени поради сомнеж дека спроведувале активности на Исламска држава, како и за набавка на оружје. На тројцата им е одреден притвор.

„Според досега прибраните докази, осомничените дејствувале организирано и координирано како група со заедничка идеолошка определба заснована на радикалниот ислам. Се сомничат дека собирале пари од земјава и од странство за пропаганда и активности на Исламската држава“, соопштија од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Биле извршени и претреси во домовите на осомничените и во други простории во Скопје, при што полицијата запленила огнено оружје, електронски уреди и други докази.

Реклама

Обвинителството соопшти дека постои сомневање оти уапсените лица се организирале за одмазда на своите браќа, кои во 2025 година беа обвинети и осудени за делото терористичка организација.