Реклама

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Економија

Се очекува конечна одлука од УПОЗ за понудата на Владата

Едните прифатија, другите тактизираат со конечна одлука. Откако вчера Конфедерацијата на слободни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Едните прифатија, другите тактизираат со конечна одлука. Откако вчера Конфедерацијата на слободни синдикати го прифати предлогот на Владата за покачување на платите на 7.800 работници во управата и правосудните органи, органите од Синдикатот на УПОЗ се уште анализираат. Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски првично го прифати предлогот, иако според него биле понудени плус 8%, наместо бараните 10% и покрај тоа што во порастот на платите ќе влијаe и зголемувањето на минималецот. Тој рече дека поради задоцнувањето од една година од нивното барање, членовите може и да не прифатат, а работниците можеби ќе бараат и повисоки износи од тоа што сега е понудено. Сепак, 95% од синдикалците се изјасниле „за“.

Од досега пристигнатите изјаснувања, 95% од синдикалните организации се изјаснија дека барањето на Синдикатот на УПОЗ кое е прифатено од страна на Владата за зголемување на платите е поповолно и прифатливо. По изјаснување на сите синдикални организации, Синдикатот на УПОЗ во текот на наредната недела, ќе оствари работна средба со претставниците на Владата на која ќе биде договорен опфатот и теркот на колективниот договор“ – велат од УПОЗ.

Од КСС пак велат дека уште веднаш ја прифатиле понудата, како што потенцираа без опструкции, без калкулации и без злоупотреба на работниците. Веќе прават подготовки за склучување на поединечните колективни договори.

Реклама

Премиерот Мицкоски ја оцени средбата со УПОЗ како конструктивна и рече дека очекува одговор дали владиниот предлог е прифатлив. Тој вели дека им ги образложиле  условите и правилата за покачување на платата за 40% во следните две години и неколку месеци. Доколку одговорот е позитивен, Мицкоски најави дека од понеделник ќе почне подготовката на документот на  синдикалниот договор.

Пресметките покажуваат дека ако некој административец  во управата и правосудните органи сега има плата од 35 илјади денари, со покачувањата во три наврати, во 2028-ма ќе заработува речиси 50 илјади денари месечно.

Мицкоски најави и план за намалување на платите на над илјада функционери. Тој рече дека стратегијата на Владата е со постепено намалување на коефициентите, до крајот на мандатот, функционерските плати да се вратат на нивото пред зголемувањето од 78% во 2023-та година.