Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Пуштени во употреба нови простории на Институтот за трансфузиона медицина во Тетово

Во Клиничката болница – Тетово денеска свечено беа пуштени во употреба новите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Клиничката болница – Тетово денеска свечено беа пуштени во употреба новите простории на регионалниот тетовски центар на Институтот за трансфузиона медицина. Од Министерството за здравство информираа дека реконструкцијата на новите простории почнала на почетокот на 2024 година, а Институтот има вложено речиси 8,3 милиони денари.

– Тетовскиот центар е еден од четирите центри на Институтот за трансфузиона медицина, меѓу кои спаѓаа штипскиот, битолскиот и скопскиот како централен. Ланската година беше рекордна со оглед на бројот на дарители што даруваа во нашиот Институт и изнесува 60.222. Интенцијата и заложбата е и оваа година да имаме повеќе и поголем број дарители затоа што хируршките клиники, особено онколошките болни пациенти, чекаат на нас за крв и крвни продукти, а тука спаѓаат и интерните гранки, особено хематологијата, која има побарувачка од крв – истакна Амир Ељези, директор на Институтот за трансфузиона медицина.

Според министерот за здравство, Азир Алиу, инфраструктурните зафати се дел од намерите на Министерството за дисперзија на здравствените услуги на ниво на државата и регионализација.

Реклама

– Ние ќе продолжиме понатаму заедно со директорот да воведеме и да ги подобриме човечките капацитети за кои, очигледно, имаат потреба во Тетово. Се надевам дека понатаму ќе продолжиме и од аспект на технологии и нови можности за центарот да може да ги нуди во реално време и во согласност со европските стандарди. И посакувам на граѓаните на овој регион, кои земаат и даваат крв во овој центар, да продолжи понатаму бидејќи крвта е витален дел на секој граѓанин и во моментот кога тоа ни е најпотребно, треба да ги имаме складирани во реално време и да ги процесираме – рече Азир Алиу.

Регионалниот центар за трансфузија во Тетово како негов составен дел вклучува и три помали центри: оние во Гостивар, Кичево и Струга. Овој регионален центар обработува крв собрана од други центри, обезбедува амбулантски услуги за пациенти (прегледи и тестови), организира акции за дарување крв и ги снабдува клиниките и болниците во овој регион со крв и крвни продукти.