Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Семејствата на загинатите тврдат дека се вршат притисоци врз сведоци преку мобилни телефони од затвор

Нови сведоци на Обвинителството во врска со трагедијата во т.н. кабаре „Пулс“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови сведоци на Обвинителството во врска со трагедијата во т.н. кабаре „Пулс“ се изведуваат во судницата. Семејствата на жртвите од пожарот изнесоа сериозни обвинувања за обиди за влијание врз судската постапка. Пред почетокот на рочиштето, Јулија Златкова, мајка на трагично загинатиот Томас Златков, алармираше дека сведоци на Обвинителството се соочуваат со притисоци. Според наводите на семејствата, во затворот се овозможувало користење на мобилни телефони за комуникација со сведоци преку апликацијата „Вибер“, со цел да се влијае врз нивните искази. Златкова побара итна реакција од институциите за проверка на овие тврдења и на сите комуникации поврзани со случајот.

„Трагедијата во ‘Пулс’ претставува ‘геноцид врз една млада генерација’, предизвикан од алчност, корупција и несовесно работење. И по катастрофалниот настан, постојат обиди за прикривање и влијание врз судската постапка“, истакна Златкова.

Сведочеше командирот на пожарната во Кочани, Драган Апостолов, кој пред судот рече дека веднаш по дојавата за пожарот ги мобилизирал сите сили и побарал помош од околните градови, по што пожарникарите извлекувале повредени и гаснеле во исклучително тешки услови. Најмногу жртви имало кај главниот влез, а гаснењето било отежнато поради нефункционална противпожарна опрема во објектот. Пожарот бил локализиран околу 4 часот, по што биле пронајдени уште три изгорени тела.

Реклама

Судскиот процес за трагичниот пожар продолжува со сослушување на сведоци на Обвинителството.