Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид се стекна со Ниво 2-акредитација за управување со јаглеродни емисии на аеродроми

Аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид, управуван од „ТАВ Македонија“, подружница на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид, управуван од „ТАВ Македонија“, подружница на „ТАВ аеродроми“ и членка на Групацијата ADP, постигна Ниво 2-акредитација за управување со емисии на јаглерод на аеродроми, информираат од „ТАВ Македонија“.

Охридскиот аеродром ја добил оваа акредитација за управување со емисии на јаглерод на Ниво 2 од Меѓународниот совет на аеродромите (Airports Council International-ACI) во рамките на нивната глобална програма за акредитации на аеродроми за управување со јаглеродни емисии (Airport Carbon Accreditation-ACA) како резултат на активностите преземени во процесот за намалување на емисиите на јаглерод во работењето на аеродромот.

– Достигнувањето на акредитацијата Ниво 2 за управување со јаглеродни емисии на аеродромот претставува официјално признание дека аеродромот „Св. апостол Павле“ – Охрид систематски ги мери, анализира и активно работи на намалување на своите емисии на јаглерод. Оваа акредитација ја потврдува нашата посветеност како „ТАВ Македонија“ на меѓународните стандарди за одржливост и испраќа јасна порака дека заштитата на животната средина е стратешки приоритет во работењето на аеродромите што ги управуваме. Преку вакви конкретни чекори ние продолжуваме да придонесуваме за поодговорен развој на воздухопловството и за долгорочни придобивки за заедницата и идните генерации – вели Неџат Курт, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

Реклама

Акредитацијата Ниво 2 за охридскиот аеродром директно, според „ТАВ Македонија“, покажува дека аеродромот не само што го разбира своето јаглеродно влијание туку и имплементирал ефикасни стратегии за активно намалување.

– Ова значи дека аеродромот во Охрид воспоставил јасни и мерливи цели за намалување на емисиите и од Опсег 1 и од Опсег 2, кои вклучуваат емисии од потрошувачката на енергија на самиот аеродром, греењето, ладењето и возилата во сопственост на аеродромот. Клучните иницијативи што придонесуваат за постигнување на ова ниво се – транзиција на возниот парк, зголемување на уделот на опрема за копнена поддршка на батериски или хибриден погон, оптимизација на потрошувачката на енергија, користење обновливи извори на енергија и инвестирање во инфраструктура за полнење на електрични возила (EV), унапредување на управувањето со отпад, програми за ефикасно користење на водата, обуки на персоналот и иницијативи за подигање на свеста со цел вградување на одржливоста во секојдневното работење, како и формирање комитет за одржливост за надзор и управување со еколошките ризици и обезбедување дека намалувањето на јаглеродните емисии останува стратешки приоритет – се вели во соопштението од „ТАВ Македонија“.

Акредитацијата за управување со емисии на јаглерод на аеродроми е единствената институционално одобрена, глобална програма за сертификација за управување со емисии на јаглерод за аеродромите, која им помага да управуваат и да ги намалат своите емисии на јаглерод во согласност со меѓународните стандарди. Независно ги проценува и признава напорите на аеродромите за управување и намалување на нивните емисии на јаглерод преку 7 нивоа на сертификација: Ниво 1, Ниво 2, Ниво 3, Ниво 3+, Ниво 4, Ниво 4+ и Ниво 5.

Меѓународниот совет на аеродроми (Airport Council International – ACI) е глобална трговска организација, која ги претставува аеродромите во светот и работи на подобрување на безбедноста, ефикасноста и одржливоста во воздухопловството.