Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Седми состанок на Меѓувладината мешовита комисија за заштита на националните малцинства меѓу Македонија и Хрватска

Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ) денеска ќе биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ) денеска ќе биде одржан седмиот состанок на меѓувладината мешовита комисија за заштита на националните малцинства помеѓу Македонија и Република Хрватска.

Со состанокот ќе копретседаваат заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, и државниот секретар во Средишниот државен уред за Хрватите надвор од Република Хрватска, Звонко Милас.

Меѓувладината мешовита комисија е формирана во согласност со спогодбата за заштита на правата на македонското малцинство во Република Хрватска и хрватското малцинство во Македонија, потпишана во Сплит во 2007 година, и претставува клучен билатерален механизам за унапредување на малцинските права и јакнење на европските демократски стандарди.

Реклама

На состанокот ќе се разгледуваат прашања поврзани со состојбата и унапредувањето на правата на националните малцинства во двете држави, со посебен акцент на образованието, културата, информирањето, институционалната поддршка и имплементацијата на претходните препораки на Комисијата, соопшти МНРиНТ.

Пред почетокот на состанокот, во 11 часот, предвидени се изјави за медиумите, кои ќе ги дадат копретседавачите на Комисијата.