Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ во март домаќин на ректорите на универзитетите членки на Европската универзитетска алијанса AC2EU

Во периодот од 23 до 27 март, Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во периодот од 23 до 27 март, Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип ќе биде домаќин на серија активности во рамките на Европската универзитетска алијанса AC2EU, кои произлегуваат од работата на Алијансата. Проректорката за меѓународна соработка на УГД-Штип проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска вели дека еден од настаните ќе биде во насока на утврдување, преглед, односно во која насока се оствариле мобилностите на студенти и професори, а вториот настан е организација на ректорски состанок. 

-На нашиот Универзитет ќе престојуваат сите ректори од универзитетите членки на Алијансата. Идејата е да ги утврдиме и поставиме темелите на правниот ентитет на новата европска универзитетска Алијанса. Значи, ние како Алијанса формиравме конзорциум од девет универзитети, меѓутоа идејата на алијансата и на Европската комисија е да се креира еден правен ентитет, единствен европски Универзитет, којшто ќе има меѓународен субјективитет и кој ќе може да издава европска диплома на студентите, која ќе биде признаена. Практично, преку овој заеднички ентитет ние ќе создадеме заеднички мастер програми, постдипломски и заеднички докторски студии, и понатаму, и заеднички додипломски студии, изјави Никодиновска-Крстевска.

Во поглед на реализацијата на мобилности, како на студенти, така и на наставничкиот и научен кадар, Никодиновска-Крстевска најавува интензивирање во наредниот период.

Реклама

-Првата година е почеток на активностите, востановување на начините на комуникација, и помал број на едукативни активности и можности кои се остварија. Досега се реализираа десетина вакви настани и можности, така што околу 40-ина студенти имаа можност веќе да учествуваат на некои едукативни школи и размена во Германија, Португалија, Шпанија, Романија, вели Никодиновска-Крстевска.

Таа најави дека допрва ќе се распишуваат конкурси за вакви едукативни активности. 

-Не се отвораат можности само за патување на наши студенти, туку и кај нас ќе доаѓаат студенти од другите универзитети на едукативни активности, кратки летни школи. Следниот период имаме организација на настани заедно со Општината и со Музејот, и заедно ќе мапираме и ќе трасираме нов туристички развој, нова мапа и нови интересни содржини на градот Штип со помош на студентите, академската заедница и локалните чинители, подвлече Никодиновска-Крстевска.