Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Заменик-министерот Ристески на трилатералната конференција „Зајакнати – развој на политики за вклучување на лица со попреченост”

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денес учествуваше на трилатерална конференција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денес учествуваше на трилатерална конференција “ЗАЈАКНАТИ – развој на политики за вклучување на лица со попреченост” која е во организација на Здружението „Институт за развој на заедницата“, во соработка со Германската асоцијација Arbeiter-Samariter-Bund за Југоисточна Европа, Преда Плус Фондација и АДРФ (Albanian Disability Rights Foundation), информираат од Министерството за економија и труд.

На конференцијата учество зедоа претставници од Македонија, Албанија и Косово од граѓанскиот сектор, националните и локалните власти, претставници на приватниот сектор и меѓународни тела, каде се дискутираше за можностите за зајакнување на соработката за сеопфатна и суштинска инклузија на лицата со попреченост во општеството.

Заменик-министерот Ристески се осврна на политиките и мерките кои ги спроведува министерството за економија и труд за поддршка за вработување на лицата со попреченост, а главните активности се реализираат преку Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот.

Реклама

– Оперативниот план е сеопфатен документ каде негови основни начела се принципите за диверзитет и инклузивност согласно принципите на правична и адекватна застапеност, во рамки на стандардите и практиките на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот. Преку овој оперативен план ние нудиме повеќе мерки, а најважна е мерката „Поддршка за вработување на лица со попреченост“ каде секоја година доделуваме финансиски средства за поддршка за вработување на лица со попреченост, адаптација на работните места и набавка на опрема за олеснување на нивното вршење на работните задачи, и многу други мерки – кажа Ристески.

Заменик-министерот Ристески додаде дека клучни принципи во создавањето на националните политики мора да се праведноста и инклузивноста, бидејќи само така ќе креираме општество и економија кои овозможуваат еднакви можности, фер услови за работа, како и полесен пристап до пазарот на труд за сите.