Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Средба Сиљановска-Давкова – Карис во Дубаи: Реафирмирани пријателските односи и поддршката на Естонија за македонските евроинтеграции

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на учеството на Светскиот самит на Владите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на учеството на Светскиот самит на Владите во Дубаи оствари средба со претседателот на Република Естонија, Алар Карис, на која беа потврдени пријателските односи и естонската поддршка за македонските евроинтеграции, информираат од нејзиниот кабинет.

Сиљановска-Давкова се заблагодари за активната улога на Естонија во групата „Пријатели на проширувањето“ и искажа интерес за јакнење на билатералната соработка со балтичката земја и склучување договори во областите од заемен интерес.

– Претседателката нагласи дека остануваме целосно посветени на членството во ЕУ и стопроцентно усогласени со заедничката безбедносна и надворешна политика на Унијата. Таа го реафирмира ставот дека евроинтеграцијата на Балканот e стратешка потреба за стабилноста и безбедноста на Европа – се вели во денешното соопштение од кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова. 

Реклама

На средбата била поздравена соработката во областа на дигитализацијата, реализирана во партнерство со Центарот за меѓународен развој на Естонија, соработката со Балтичкиот колеџ за одбрана во Тарту, како и со Центарот за киберодбрана на НАТО во Талин.

Укажувајќи дека постојат неискористени потенцијали во економијата, Сиљановска-Давкова изрази очекување за развој на нови заеднички проекти и поголемо присуство на естонските инвеститори во земјата.

На средбата соговорниците разменија и мислења за актуелните глобални предизвици.