Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

СВР Битола поднесе кривични пријави за лица што возеле автомобил без положен возачки испит

СВР Битола поднесе кривични пријави и лиши од слобода лица од општините…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СВР Битола поднесе кривични пријави и лиши од слобода лица од општините Битола, Демир Хисар и Крушево, кои при сообраќајна контрола се затекнати без возачка дозвола затоа што не положиле возачки испит. Највозрасниот е битолчанец на 43 години.

Од СВР Битола информираа дека вчера во 15:33 часот на улица „8 Септември“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Е.М.(43) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал Е.М. и било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило”.

Полициски службеници на ОВР Прилеп вчера го лишиле од слобода А.И. (39) од селото Норово, крушевско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „алфа ромео“ со крушевски  регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека истиот возилото го управувал без положен возачки испит. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено. 

Реклама

Во текот на вчерашниот ден на улицата „Филип Втори Македонски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Б.(37) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, кое тој го управувал, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено. Од слобода е лишен и Ш.Б. (34) од битолското село Острец кој возел патничко возило  „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки и при контрола било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено. 

Во билтенот на СВР Битола регистриран е и М.А. (24) од Демир Хисар кој вчера во 14:31 часот возел на патот Битола-Демир Хисар, а кај селото Кукуречани, при контрола во сообраќајот, полициски службеници го сопреле патничкото возило „бмв“ со демирхисарски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.  

На сите лица им се поднесени кривични пријави, потврдија од СВР Битола.