Реклама

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонија

Градоначалникот Костадинов со членовите на ФА „Китка“ во Чешиново – Облешево

Градоначалникот Јорданчо Костадинов оствари посета на секцијата на Фолклорниот анасамбл „Китка“ од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот Јорданчо Костадинов оствари посета на секцијата на Фолклорниот анасамбл „Китка“ од Истибања, што во неговата општина, Чешиново-Облешево, работи подолг период.

При посетата, Костадинов упати благодарност до директорот на ФА „Китка“, Стојко Стојков, како и до обучувачите, за нивната посветена и континуирана работа со околу 80 деца од општината Чешиново-Облешево.

Фолклорниот ансамбл „Китка“ има значајна улога во негувањето, зачувувањето и промоцијата на македонската култура и традиција, претставувајќи достоен репрезент на Општина Чешиново-Облешево и на Македонија на бројни културни манифестации во земјата и надвор од неа, смета градоначалникот Јорданчо Костадинов.

Реклама

Истовремено, тој најави дека Општина Чешиново-Облешево и понатаму ќе продолжи со поддршка на културните дејности и младите кои ја негуваат македонската традиција.