Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Економија

Олеснување за македонските превозници – петмесечно одложување на биометриската евиденција

Транспортерите добија 5 месеци одложување. Електронската биометриска евиденција за влез и излез…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Транспортерите добија 5 месеци одложување. Електронската биометриска евиденција за влез и излез од Шенген зоната за македонските превозници се одложува до септември. Ова било потврдено од страна на Европската комисија на он лајн состанокот со македонските власти. Во меѓувреме се формира работна група на експертско ниво која веќе следната недела треба да се состане и да ги материјализира заклучоците од денешниот состанок на високо ниво. Ова на заедничките разговори со претставници на Европската Комисија  и директорката на Директоратот за проширување, Валентина Суперти го издејствуваа  Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, како и нивните колеги  –  министрите од Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово. Од Министерството за транспорт информираат дека на состанокот разговарале за изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците.

„Во очекување на трајно решение, Николоски додаде дека е потребно Европската Комисија реално да го идентифицира проблемот со транспортниот сектор и непречениот транспортен тек и во најскоро време да имплементира соодветни мерки кои ќе обезбедат предвидливост и непречена работа на транспортните компании кои работат во меѓународниот патен сообраќај. Претставниците на Европската Комисија ја потврдија новата визна стратегија на ЕУ во која превозниците се прифатени како професионалци и беше истакнато дека ја разгледуваат можноста оваа категорија на работници да биде третирана исто како и пилотите и машиновозачите“ – велат од Министерство за транспорт.

Од транспорт велат дека претставниците на Европската комисија на состанокот ја потенцирале важноста на транспортниот сектор, влијанието врз целокупната економија и најавиле целосна посветеност во изнаоѓање на трајно прифатливо решение во интерес на сите засегнати страни. Било потенцирано дека ова е многу важна тема за Европската Унија и дека во наредниот период ќе продолжи комуникацијата меѓу засегнатите страни.   

Реклама

Прашањето за превозниците конечно се стави на маса откако минатата недела превозниците на камиони го блокираа товарниот сообраќај на граничните премини во Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.  Притисокот се исплатеше. Тие ги прекинаа блокадите откако во четвртокот Европската Комисија излезе со нова стратегија за визи за продолжен краткорочен престој за возачите на камиони од државите од Западен Балкан. Во стратегијата јасно стои дека овие луѓе кои се т.н. бизнис патници, патуваат во име на доверливи компании, кои генерално претставуваат низок ризик за Унијата и се сметаат за сигурни. Комисијата смета дека овие возачи, уметници, спортисти транзитираат  поради работа без намера трајно да останат во Европа.

Портпаролот на Европската Комисија  за внатрешни работи, Маркус Ламерт во петокот изјави дека решението ќе вклучува и воведување ново законодавство со правила за продолжен кус престој за одредени категории, како превозниците, спортистите, уметниците и други професионалци.