Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Димитриеска-Кочоска: Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот и да се договорат за минималната плата

Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот за минималната плата, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот за минималната плата, а Владата ќе прифати се што тие ќе договорат, рече вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. 

Во гостување на една од националните телевизии, Димитриеска-Кочоска истакна дека платата на ниту еден работник никогаш не е доволна и секогаш треба да биде повисока, но постојат економски правила кои мора да се земат предвид.

-Нека седнат да се договрат меѓусебе колку можат да носат товар работодавачите, зашто тие треба да ги исплатат платите. Кажете ми каде во светот државата ги покрива платите на приватниот сектор? Владата може да ги покрива платите на администрацијата, а тука станува збор за приватниот сектор. Не можеме да ги мешаме работите. Пензионерите се дел од Буџетот, исто и платите на  администрацијата. Ние ги зголемивме платите во здравството, образованието, МВР,…, се погриживме за нашите вработени. Ова е дијалог што треба да го водат работодавачите и работниците. Владата вели – „ние го поставивме законот, ако сметате дека треба да одиме надвор од законот, договорете се“, објасни министерката.

Реклама

На прашање зошто Владата не се водеше од истата логика и за одлуката за зголемување на пензиите линеарно за пет илјади денари иако постоеше закон што предвидуваше како се прави усогласување, Димитриеска-Кочоска одговори дека има разлика, бидејќи пензиите биле предизборно ветување.

-Тоа е програма што ја гласало мнозинството на граѓани кои излегле да гласаат на изборите во 2024 година. Што значи дека граѓаните поддржале таков предлог. Зголемувањето на пензиите со политичка одлука и барањето на ССМ за минималната плата се различни работи, рече министерката. 

Потенцира и дека во однос на минималната плата има закон и тоа е ставот на Владата.

-Владата во моментот вели дека Законот за минимална плата е тој што е бо сила. Кај пензионерите, ние не го зголемуваме купот. Сега, ние го зголемивме во програмата со ветувањето 5 000 денари за секој пензионер, па потоа се вративме на постоечкиот закон. Меѓутоа, и таму кажавме линеарно. Вкупниот износ на пензии што ги даваме, не ги променивме. Во конкретнава ситуација, остануваме на постоечкото законско решение. Начинот како ги префрламе средствата, појасни Димитриеска-Кочоска.

На прашањето дали ќе се зголемат платите на функционерите овој месец, Димитриеска-Кочоска рече дека нема таква информација и дека не знае дали тоа ќе се случи или не. Во однос на ова, не го кажа личниот став зашто, како што напомена, многу пати во минатото бил злоупотребуван.

-На Влада не е ништо дискутирано, не сум ресорен министер одговорен за платите на функционерите и ќе Ве замолам ова прашање да го упатите до ресорното министерство, нагласи Димитриеска-Кочоска.