Реклама

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

Македонија

Уставните судии Кадриу и Васиќ-Бозаџиева на средба со претседателот на ЕСЧП, Матијас Гијомар

Можностите за идно институционално поврзување, со посебен фокус на развојот, обуката и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Можностите за идно институционално поврзување, со посебен фокус на развојот, обуката и унапредувањето на професионалните капацитети на служба на Судот, како и размената на искуства во областа на заштитата на човековите права биле во фокусот на средбата на судиите на Уставниот суд Осман Кадриу и Татјана Васиќ- Бозаџиева со претседателот на Европскиот суд за човекови права, Матијас Гијомар во Стразбур.

Како што соопштуваат од Уставен суд, присутните споделиле исти ставови за важноста и значењето на континуираната размена на знаења и добри практики, како и реализацијата на заеднички активности меѓу Европскиот суд за човекови права и Советот на Европа.

На средбата присуствувале и Светлана Гелева, амбасадор, шеф на Мисијата на Македонија при Советот на Европа, Јован Илиевски, судија на Македонија во Европскиот суд за човекови права, како и Абел Кампос, заменик регистратор на ЕСЧП.

Реклама

Средбата се одржала во пресрет на церемонијата на официјалното отворање на судиската година на Европскиот суд за човекови права, која традиционално секоја година се одбележува со тематски семинар, на 30 јануари 2026 година.

Во фокус на судскиот семинар годинава била темата „Заштита на медиумскиот плурализам и демократскиот процес во предизвикувачки времиња”.