Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Бројни трофеи и медали за охридските Бренобрејн генијалци на меѓународен натпревар

Три трофеи, девет златни и осум сребрени медали освоија охридските „генијалци“ на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Три трофеи, девет златни и осум сребрени медали освоија охридските „генијалци“ на неодамна одржаниот 16 по ред Меѓународен Бреинобреин-абакус натпревар.

Тоа е одличен резултат, дотолку повеќе што 20-те учесници од Центарот за развивање животни вештини при Црвениот крст се натпреваруваат во мошне силна конкуренција од 23.912 учесници од 79 земји од светот.

Од охридскиот Црвен крст посочуваат дека и овој пат интернационално мерливите резултати покажале и потврдиле дека охридските бреинобреин генијалци се меѓу најдобрите во светот.

Реклама

-Успехот се должи на посветеноста, вложениот труд и упорната работа на децата, на несебичната и професионална посветеност на тренерите и на поддршката од родителите. Овој успех претставува потврда дека одиме по вистинскиот пат со имплементација на Бреинобреин програмата, фокусирани на подобрување на излезните развојни резултати кај децата и градење поттикнувачки амбиент за учење преку креирање мотивација и позитивен пристап кон учењето, кој им помага на децата да развијат вештини, знаења, компетенции, самодоверба и чувство на социјална одговорност – велат од Црвен крст  – Охрид.