Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Во Скопје се вози поспоро: „Сејф сити“стапи на сила, Мицкоски вели имаме толеранција од 15% за да се навикнат граѓаните

„Сејф сити“ почна да регистрира прекршоци во Скопје, Куманово и Тетово, како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Сејф сити“ почна да регистрира прекршоци во Скопје, Куманово и Тетово, како и на Коридорите 8 и 10. На скопските улици и булевари, сликата е драстично поразлична од претходно.

Ако има ограничување 30, а вие возите со брзина од 37км на час ќе ви стигне казна. За ограничувањата од 50, дозволено пречекорување е 9км на час односно ако возите 60 ќе бидете казнети. Дозволено пречекорувањето на автопатите со ограничувања 100 км на час и повеќе е 12 км на час. Ако возите со брзина од 113 км на час или 133 на места каде ограничувањето е 120, исто така ќе добиете казна.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека прагот на толеранција за брзо возење ќе се намалува со тек на време и ќе се изедначи со европските прагови.

Реклама

За возење над дозволената брзина, казните се поделени според тоа колку километри се пречекорени. Во урбани зони до 50 километри на час, се казнува со 15 евра. Пречекорување од 10 до 30 километри на час, носи казна од 50 евра, додека над 30 до 50 километри на час се предвидува казна од 300 евра и забрана за управување со возило од 3 до 12 месеци. Минување на црвено светло ќе се санкционира со 250 евра и забрана за управување возило од 3 до 12 месеци, додека непрописно паркирање на тротоари, на пешачки премини или на места за лица со попреченост ќе се казнува од 25 до 180 евра. За управување возило со истечена сообраќајна дозвола или без регистарски таблици, казната изнесува 500 евра, а за возење со дозвола истечена до 30 дена се предвидува казна од 100 евра.

Сите граѓани што ќе добијат казна можат да го искористат попустот за рано плаќање, кој изнесува 50% од износот доколку казната се плати во рок од осум дена. Исто така и доброволното признавање на прекршок, носи помала казна и пократка забрана за возење.

„Безбеден град“ ќе детектира четири сообраќајни прекршоци: непрописно паркирање, управување со брзина поголема од дозволената, минување на црвено светло и управување со возило со истечена сообраќајна дозвола.

Возачите кои ја надминат дозволената брзина, но останат во рамки на толерираната граница, ќе добиваат информативна порака како предупредување, без парична казна. Доколку прекршокот доведе до опасност или повреда, санкциите се строги, вклучувајќи и кривична одговорност.

Со воведувањето на „Безбеден град“, очекувано е да се зголеми сообраќајната дисциплина, особено на критичните точки каде што најчесто се случуваат сообраќајки.