Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Трипуновски од Велес: Шест милиони денари за ревитализација на езерото „Младост“

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска информира дека за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска информира дека за реализација на активностите за ревитализација на езерото „Младост“ обезбедена е финансиска поддршка од шест милиони денари од Програмата за водостопанство. 

 -Денеска извршив увид на активностите за ревитализација на езерото „Младост“, кое се чисти за првпат по 60-тина години. Согласно планираните активности, во тек е фаза на механичко отстранување на сувите наслаги и трската од крајбрежниот појас на езерото „Младост“, во соработка помеѓу АД „Водостопанство“ и ЈПВ „Лисиче“ – Велес, со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. За реализација на активностите, обезбедена е вкупна финансиска поддршка од 6.000.000 денари од Програмата за водостопанство, соопшти министерот преку социјалните мрежи. 

Нагласува дека работат на ревитализација на езерото „Младост“, со цел подобрување на квалитетот на водата и дополнување на акумулацијата со свежа вода.