Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Вејсели за Алфа: Пресудата претставува сериозен удар врз слободата на изразувањето на новинарите

Судскиот совет веднаш да ја провери скандалозната одлука на судијката Магдалена Мишоска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судскиот совет веднаш да ја провери скандалозната одлука на судијката Магдалена Мишоска од Гостивар која ја казни со 700 тини евра новинарката Лиридона Вајсели за злоупотреба на лични податоци“, само затоа што во новинарско известување го спомнала името на судијата Назиф Илјази од Тетово. Вејсечи поднела и жалба до гостиварска Апелација. Таа освен што го повикува Судскиот совет да постапи, бара од надлежните да се провери и обвинителот што го поднел казнениот налог, а ги информирала и сите амбасади. Небулозно е тоа што новинарската објавата се однесува на пресудата на судијата во која досудил, само 3 месеци затвор за закани со видеа со порнографска содржина упатени кон малолетник и во тој контекс е објавено името на судијата.  

Овој преседан во македонското судство предизивка лавина реакции во јавноста. Дел од правната фела кривичниот прогон на Вејсели за наводна „Злоупотреба на лични податоци” според чл. 149 од КЗ само поради објавување на име на судија го нарекуваат директен напад врз новинарството.

Според реакциите во јавноста и познавачите на законот, членот 149 врз основа на кој таа е осудена е наменет за заштита на граѓаните од вистински упади во нивната приватност и злоупотреба на сензитивни податоци како на пример матичниот број. Во овој случај излегува дека овој член служи и е употребен како „правен штит” на функционерите од новинарите што истражуваат. Особено што Европскиот суд за човекови права јасно вели дека функционерите мора да имаат повисок праг на толеранција кон јавниот надзор, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Реклама

Токму затоа обидот, името и презимето на судијата да се претстават како „заштитен личен податок” во контекст на вршење судска функција е правен апсурд. Исто така, дел од коментарите се и тоа дека судиите не се анонимни граѓани, туку носители на јавни овластувања. Тие делат правда во име на граѓаните на оваа држава, а пак, присуството на јавноста во постапката е уставно загарантирана.

Оваа пресуда на нозе ги крена сите новинарски здруженија, голем број новинари јавно и дадоа подддршка на Вејсели. Реагираше и Агенцјата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги којашто изрази сериозна загриженост за пресудата додаваќи дека ова испраќа негативна порака за слободата на медиумите.

https://youtu.be/wFs_fXaFgH8