Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Расчистен запуштениот простор околу поранешниот хотел „Турист“ во Кочани

Околината на некогашниот хотел „Турист“, која подолг период беше запуштена, обрасната со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Околината на некогашниот хотел „Турист“, која подолг период беше запуштена, обрасната со вегетација и нечиста, е целосно расчистена. Општина Кочани реализираше акција за уредување и чистење на овој простор со цел подобрување на јавната хигиена.

Во рамки на активностите беше отстранета самоникнатата вегетација, собран и изнесен насобраниот отпад, а просторот е исчистен и приведен во уредна состојба. Со оваа интервенција се спречува појава на дива депонија и на потенцијални здравствени ризици, информираат од Општината.

За жителите од овој дел на градот подобрено е и јавното осветлување.

Реклама

Општина Кочани апелира до граѓаните за совесно и одговорно однесување, со почитување на правилата за јавна чистота и хигиена. – Секој поединец има улога во зачувувањето на уредна и здрава животна средина, а заедничката грижа е предуслов за чист и достоинствен град, велат од Општината.

Акциите за расчистување и уредување на јавните површини ќе продолжат и во наредниот период, како дел од континуираните напори на Општина Кочани за подобрување на квалитетот на живеење, се наведува во информацијата.