Реклама

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Македонија

Кузеска: Не допира гласот до Обвинителство за криминалните тендери на власта

Поминаа 50 дена од објавата на првите скандали, првите бомби од страна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поминаа 50 дена од објавата на првите скандали, првите бомби од страна на антикорупцискиот тим на СДСМ. Нема ниедна реакција од ниедна институција, истакна на прес-конференција портпаролка на СДСМ, Богданка Кузеска.

Не допира гласот до Обвинителството за милионските скандали и криминални тендери на власта, нема реакција од ДКСК, нема реакција од Финансиската полиција. Молк.

Во изминатите 50 дена антикорупцискиот тим објави серија сериозни скандали, поткрепени со факти и докази за тоа како се делат тендери во тендер-коалицијата ВМРО – ЗНАМ.

Реклама

1. Тендери од 9 милиони евра за фирма основана 2024 година, без историја и без релевантно искуство, само со двајца вработени.

Не допира гласот до Обивнителството.

2. 161 тендер кај семејна фирма на Томовски во вкупна вредност од 5,3 милиони евра.  
Не допира гласот до Обивнителството.

3. Сомнителен капитал преку Алта банка влегува во Македонија иако Европската централна банка забранила влез во ЕУ поради сомнежи за потекло на капиталот и можно перење пари. А во Алта банка – цела структура на ВМРО.
Не допира гласот до Обвинителството.

4. Откивме скандал и со тендери од 1,2 милион евра за фирма со тројца вработени. Повторно ист модел: милионски суми, минимален број вработени, истите фаворити.

5. Јавно објавивме документи и писмо на свиркачи за тендер од 1,2 милион евра доделен на фирма блиска до ЗНАМ во „Пошта“.

Ниту за овие скандали не допира гласот до Овинителството.

6. Антикорупцискиот тим објави повеќе бомби за фирмата „Пирамид билдинг солушнс“, фаворит за тендери во општини под контрола на ВМРО. 51 тендер од општините, 16 милиони евра јавни пари.

7. Сопственикот бил член на избирачки одбор на ВМРО-ДПМНЕ, а тендерската мрежа се шири преку семејни и партнерски фирми.

8. Дополнително, објавивме и на кој начин целата пирамидална мрежа на фирми води директно до кабинетот на премиерот Мицкоски и Владимир Нелоски.

Нема допрен глас за овие скандали и покрај сите овие јавно изнесени факти, документи, бројки и докази.

Затоа власта презема контрола врз сдуството и Обвинителството во обид да се спаси од одговорност за криминалните тендери.

Нема бегање од одговорноста.

Работата не е завршена!