Реклама

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Трендафилов, Деаноски и Пешевски ги оштетија работниците за 600 евра минимална плата во 2028 поради политичките игри со СДСM и Левицата

Одлуките на ССМ на чело со Слободан Трендафилов го спречија растот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одлуките на ССМ на чело со Слободан Трендафилов го спречија растот на платите за 40 отсто во следните две години на штета на работниците или раст од над 10.000 денари за две години од денес. Слободан Трендафилов како прв синдикалец не застана во одбрана на работниците, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Иако Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ понуди конкретно и јасно решение, 40 отсто зголемување на платите на административните службеници во следните две години преку нов колективен договор, ССМ и Слободан Трендафилов одбија да го прифатат предлогот оставајќи ги работниците без повисоки примања.

ССМ предводен од Слободан Трендафилов и гранкскиот синдикат УПОЗ, предводен од Трпе Деаноски, го одбиле предлогот од Владата, каде што минималната плата ќе изнесувала минимум 36.000 денари за административните службеници во 2028 година.

Реклама

Поради политичките игри на Слободан Трендафилов, Трпе Деаноски и на Иван Пешевски, работниците се оштетени за 600 евра минимална плата во 2028 година. Ова е доказ дека ССМ го става политичкиот интерес пред интересот на работниците.

Иван Пешевски, додека се претставува како загрижен синдикалец, дебело профитира заедно со Трендафилов.

Додека глумат загрижени синдикалци, платата на Пешевски е 3 пати поголема од минималната.

Поддршката од СДСM и Левицата ја покажува вистинската агенда на ССМ, каде што ги ставаат политичките интереси пред интересите на работниците.

Наместо да ги застапуваат граѓаните, синдикатите предводени од Трендафилов и Деаноски ја жртвуваат минималната плата за да ги следат политичките мотиви и политичката линија на СДСM и Левицата.

Работниците заслужуваат синдикати што ги штитат работничките интереси, а не што ги продаваат за политички интереси на поединци.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи во интерес на работниците и сите граѓани за повисоки плати и подобар животен стандард.