Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

АВМУ го објави извештајот за емитуваното ППР за време на изборната кампања за повторните локални избори 2026

Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, во согласност со обврската од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, во согласност со обврската од член 76-д став 8 од Изборниот законик, до Државната изборна комисија го достави извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање за време на изборната кампања за повторните избори за градоначалник на општина Гостивар, општина Врапчиште, општина Маврово и Ростуша и општина Центар Жупа во периодот од 22 декември 2025 година до 9 јануари 2026 година.

Податоците во извештајот се добиени преку мониторинг на емитуваното платеното политичко рекламирање кај радиодифузерите и дополнително се проверени преку постапката на потврдување на извештаите за реализирани услуги на радиодифузерите.

Од 18 радиодифузери (13 ТВ и 5 РА) регистрирани во регистарот на Државната изборна комисија за емитување ППР за повторните локални избори 2026, вкупно 9 радиодифузери – 7 телевизии и 2 радија – склучија договори со учесниците во кампањата за емитување ППР.

Реклама

На сите 7 телевизии заедно беа емитувани вкупно 20 часа 1 минута и 45 секунди платено политичко рекламирање, а на двете радија заедно беа емитувани вкупно 4 часа 18 минути и 29 секунди ППР. Вкупно на сите радија и телевизии беа емитувани 24 часа 20 минути и 14 секунди платено политичко рекламирање.

Најголем обем рекламно време емитуваа локалните телевизии ТВ Г-ТВ (6 часа 49 минути и 21 секунда) и ТВ „Дуе“ (5 часа 57 минути и 42 секунди). Од двете локални радија што склучија договори за емитување ППР, Радио Комета 2000 (Радио ЏИ) емитуваше 2 часа 24 минути и 24 секунди, а Радио 7 – 1 час 54 минути и 5 секунди ППР.

На сите радиодифузери заедно најмногу време закупи коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ – НАИ (16 часа 44 минути и 18 секунди), а потоа коалицијата „Влен“ (7 часа 9 минути и 36 секунди). Коалицијата предводена од СДСМ закупи простор само на ТВ „Канал 5“ (26 минути и 20 секунди).

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Демократската партија на Турците во Македонија и независниот кандидат Зуљхајрат Демири одлучија во оваа изборна кампања воопшто да не закупат простор за емитување ППР на програмите на радиодифузерите.

Извештајот за платеното политичко рекламирање на радиодифузерите за повторните локални избори 2026 е достапен на линкот,.