Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Општина Карбинци формира доброволно противпожарно друштво за поголема безбедност во лето

По серијата пожари во изминатите години, општините од регионот не чекаат последен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По серијата пожари во изминатите години, општините од регионот не чекаат последен момент, туку навреме се подготвуваат за летната сезона. Општина Карбинци формира доброволно противпожарно друштво „Баргала“, со цел навремена превенција и брза реакција при евентуална појава на пожари во текот на летото.

Формирањето на доброволното друштво е од особено значење за општината, со оглед на фактот дека досега во вакви ситуации се потпираа на штипската противпожарна единица. Со новото друштво Карбинци ќе може самостојно да се справува со огнените стихии, кои изминатите години беа честа појава.

„Ќе преземеме чекори кои ќе бидат важни за превенција од пожари кои би се случувале на територијата на Карбинци, но ќе бидеме и подготвени да одговориме на нивото на задачата. Ова е од голема важност за една мала општина како што е нашата“, изјави градоначалникот на Карбинци, Виктор Паунов.

Реклама

Засега пријавени се околу 12 доброволци, објаснуваат од граѓанското здружение ЛАГ Плачковица, кое го имплементира проектот. Сите ќе поминат обуки и ќе бидат оспособени за директна интервенција на терен. Истовремено, со поддршка на општината, Дирекцијата за заштита и спасување и донации, започната е постапка за обезбедување противпожарна опрема.

„Сега општините се справуваат со поплави, меѓутоа овие доброволци, освен што ќе може да интервенираат во пожари, во иднина на нив ќе може да се смета за вклучување и во други интервенции кои се за поддршка на заедницата на граѓани“, изјави Столе Георгиев, од граѓанското здружение ЛАГ Плачковица.

Вакви доброволни противпожарни друштва граѓанската иницијатива, освен во Карбинци, има формирано во Штип, Кочани и Радовиш. Најактивни се друштвата во Свети Николе, Кочани и Пехчево.