Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Мицкоски: Околу 450 камиони од Македонија не може да ја загрозат европската економија, ЕУ треба да покаже вистински како седи зад своите партнери и да ја повлече одлуката

Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на една од телевизиите во Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на една од телевизиите во Македонија изјави дека 450 камиони од Македонија не може да ја загрозат европската економија, ЕУ треба да покаже вистински како седи зад своите партнери и да ја повлече одлуката, за што е оптимист.

-Ние како влада уште од септември ја отвораме оваа тема во Брисел, разговараме, исто како што разговараме за квотите за челикот, исто како за укинување на телефонскиот роаминг, и за други теми, и ќе продолжиме да разговараме. Ако некој навистина смета на овој дел од Европа, како што ни кажуваат дека сметаат на нас, ова се мали, небитни работи. Не може 450 камиони од Македонија да ја загрозат економијата на Европа. Зарем 450 камиони од Македонија може да земат некому бизнис? Напротив, тие може да додадат вредност. На крајот на денот, тие превезуваат полупроизводи за европските производители во регионот, рече Мицкоски во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ21. Додаде дека е оптимист за постигнување решение.

-Оптимист сум, затоа што последните вести од таму се дека за оние од авиосообраќајот и во железничкиот сообраќај, се изземаат. Да речеме, ако македонски граѓанин е пилот, или работи како стјуард во авиокомпанија која оперира во Шенген зоната, ќе биде изземен од оваа мерка. Истото важи за машиновозачите и така натаму. Се надевам дека ќе се случи за патниот сообраќај, за патничкиот и товарниот, затоа што нема друг начин. Вака, ќе трпи регионалната економија, но генерално трпат и економиите на ЕУ. И на крајот од денот, ова е моментот кога ЕУ треба да покаже, вистински, како стои позади своите партнери од Балканот коишто толку многу сака да ги види во рамките на европското семејство“, посочи премиерот Мицкоски.