Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Трета работна средба на Ангелов со претставници на доброволни противпожарни друштва

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов денеска, заедно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов денеска, заедно со тим од Дирекцијата, одржа работна средба со претставници на дел од доброволните противпожарни друштва (ДПД) во пресрет на сезоната на пожари.

Покрај разгледување на стратешката рамка за соработка со ДЗС на општинско, регионално и државно ниво, беа разгледани и стекнати противпожарни искуства од Италија, Словенија и други држави во Европа и светот при што, преку оваа неформална група претставници на ДПД е планирано да бидат известени речиси сите активни ДПД во државата.

-Работната конструктивна средба беше корисна во поглед на стратешката подготовка за претстојни сезони на пожари, особено за пожари на отворен простор, за конкретна соработка на доброволните противпожарни друштва со ДЗС, за иницијативи и активности за измени и адаптација на одредени непродуктивни делови од закони што се за и во допир со борбата против пожари, за унапредување на техничко-технолошкиот дел на ДПД, како и за тактичкиот оперативен дел за мобилизација и дејство на ДПД, информира ДЗС.

Реклама

На крајот од работната средба, Ангелов посочи дека во првиот дел од февруари е планирано да се одржи повторно слична работна средба.

Ова е трета работна средба од вкупно четирите такви слични средби со пожарникари во и со ДЗС почнувајќи од јуни, минатата година. До тогаш, според достапните информации, такви работни средби не било забележано дека имало, наведува ДЗС.