Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: По Србија и Вучиќ, СДСМ си најде нова опсесија, сега им сметаат Унгарија и Виктор Орбан, на кои Заев како премиер јавно им се заблагодаруваше

Заврши опседнатоста на СДСМ со Александар Вучиќ и соседна Србија, сега си…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заврши опседнатоста на СДСМ со Александар Вучиќ и соседна Србија, сега си најдоа нова опсесија. Откога со недели и недели ја труеја македонската јавност со соседната земја до степен човек да не може да разликува дали се опозиција во Србија или во Македонија, сега отидоа малку на север и се фатија со Унгарија, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ на чело со Венко Филипче очигледно живее во некој паралелен, измислен универзум штом со ништо друго не се занимаваат, освен со теории на заговор дека сè е против нив, небаре се центар на светот.

Ваквите состојби кај луѓето бараат професионален третман од стручни медицински лица за што се надеваме дека ќе се обратат кај лекари и побргу ќе ја надминат ситуацијата.

Реклама

Или, пак, ваквата нивна илузија е нивен свесен чекор за да избегаат од реалните проблеми и состојби во самиоит СДСМ, само и само да не му се загрози претседателското столче на Филипче за што има сè погласни повици да си замине од партијата, која ја имаат заробено со кланот Дубаи.

Кога сме кај кланот Дубаи и Зоран Заев, го прашуваме СДСМ добри ли му беа Виктор Орбан и Унгарија за време на седумгодишното владеење кога реализираа многубројни средби во Македонија и Унгарија со високи делегации кога лично Заев изразуваше голема благодарност кон унгарската влада за соработка и за помошта што ѝ ја даваа на нашата држава.

Наместо да лутаат како безидејни, што и се, им препорачуваме што побргу да си погледнат во сопствениот двор и да се зафатат со решавање на внатрешните проблеми зашто никој на СДСМ и на Венко Филипче не им е крив за проблемите во партија, освен тие самите, кои не слушаат никого, ни членство ни поддржувачи, туку си тераат по свое.

Дополнително прашуваме, каде во светот лице фатено на дело да шмрка кокаин дели лекции за морал?