Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Економија

Азески: Новите правила за влез во шенген зоната ни создаваат сериозни проблеми, од понеделник реакции во сите погодени земји

Новите правила за влез во шенген зоната не решаваат ништо за подобрување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новите правила за влез во шенген зоната не решаваат ништо за подобрување на определна област во ЕУ, а нам ни создаваат сериозни проблеми. Тие ќе влијаат многу лошо врз бизнисот. Мислам дека се најавени сериозни протести и од понеделник се очекува реакциите да се пришират во сите земји погодени од ваквата одлука, рече денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.

Одговорајќи на новинарско прашање по посетата на „Титан Усје“, Азески истакна дека очекува повлекување на новите правила, но не наскоро.

Како што информира, особено е жесток и критичен тонот на странските инвеститори во Македонија кои и денеска се во претставништвото на ЕУ да реагираат. 

Реклама

-Мислам дека работата ќе добие многу лош тек зашто се преговара поединечно со секоја земја и тоа е став на ЕУ, не заеднички. Ние се обидовме преку нашите релевантни заеднички претставнички тела на Балканот да го актуелизираме ова прашање уште пред шест месеци, но тешко наоѓавме соговорници за тоа. Единствено – „нема промена на одлуката, ние ќе преговараме со секој поединечно“. Но, тоа „секој поединечно“ значи да немаш преглед на ситуацијата. Ние упативме писмо до претседателката на Европската комисија, а информиран сум од Владата дека и премиерот лично ќе оди во Брисел и ќе разговара за ова прашање зашто мислиме дека е исклучително важно и не решава ништо за подобрување на определна област во ЕУ, а создава сериозни проблеми за нас. Очекуваме од понеделник реакциите да се пришират во сите земји погодени од ова. Не очекувам брзо решение, но очекувам повлекување на одлуката, потенцира Азески.