Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Раководството на Македонска пошта ќе го тужи претседателот на ССМ заради лажни изјави

Раководството на Македонска пошта ќе го тужи претседателот на Сојузот на синдикати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Раководството на Македонска пошта ќе го тужи претседателот на Сојузот на синдикати заради лажни изјави во врска со платите на вработените во оваа компанија. Откако првиот човек на ССМ се појави на протестот на дел од вработените со тврдење дека тие биле оставени без плата за празниците, односно најтешкиот месец од годината, раководството на Пошта остро реагира дека станува збор за лаги и манипулации. Тврдат дека проблем нема бидејќи парите за плати биле обезбедени за сите вработени.

„Не ни беше јасно зошто претседателот на сојузот на синдикати и во кое својство даваше изјава која што е апсолутно невистинита, дека ние не сме дале на луѓево плата за време на празниците, дека сме ги оставиле без пари. Вработените занаат дека си добија плата за време на празниците, вработените знаат дека регресот е исплатен редовно како и  на сите компании и тоа дека сме ги оставиле за празнициве без пари 2000 вработени не е точно. Али тоа ние како компанија ќе си превземеме правни мерки против Трендафиловски за таа изјава бидејќи е апсолутно неточна.“- вели Николчо Угринов, заменик генерален директор на Македонска пошта.

Од Македонска Пошта уверуваат дека платите и регресот  редовно се исплаќаат. За ова уште вчера го информирале синдикатот, кој сепак и денеска  продолжи со протестот. Во ваквата стратегија пепознаваат исклучиво политичка позадина. Дел од вработените пак кои и денеска излегоа на протест и прекинаа со работа порачаа дека ќе протестираат и натаму доколку во иднина има проблеми со платите.

Реклама

Раководството тврди дека парите за плати и приодонеси повеќе не се проблем, но се уште е сериозен предизвик да се средат наследените лоши состојби кои се оставени во наследство од минатата власт. Добро е велат што во целиот процес имаат поддршка и од Владата.  

„Компанијата е потоната испод дно работиме на подобрување на ситуацијата што е ептен лоша, имаме подршка од вицепремиерот Александар Николовски и од премиерот. Пошта да биде сервис на граЃАните и да биде уредена во секој поглед, ни набавија нов возен парк, ние се потрудивме да склучиме договори за да ги сервисираме редовно платите и да ги покачиме и да инвестираме и да враќаме долговикои што ги затекнавме, за 2-3 месеци нема да збориме веќе за овој проблем.“- вели Николчо Угринов.

Македонска пошта се консолидира откако во годините владеење на претходната власт беше цеосно запоставена и буквално оставена да пропаѓа. Целиот овој период го искористија низа приватни субјекти кои ќaруваат од ваквата состојба. Наскоро тоа треба целосно да се промени преку новата стратегија, која предидува и законски измени во оваа дејност.