Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Нов дом за стари лица ќе се гради во Кочани

На површина од околу 4000илјади квадратни метри, во кругот на поранешната касaрна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На површина од околу 4000илјади квадратни метри, во кругот на поранешната касaрна во Кочани, се планира да се гради новиот Дом за стари лица. Објектот ќе располага со четири ката, подпокрив и подрумски простории. Ќе биде со капацитет од околу 150кревети. Предвидени се простории за медицинска нега, рекреација и социјални активности, а ќе се користат и геотермалните води. Домот ќе биде во државна сопственост и за разлика од приватните, ќе понуди подостапни цени, со што Кочани ќе го позиционира како регионален центар за заштита на старите лица.

„Овој капитален проект е од огромна важност не само за Кочани, туку и за цела Источна Македонија. Проектиран е  за згрижување на околу 150 стари лица и истиот е со голема придобивка бидејќи ќе биде во државна сопственост. Цените на услугите нама да се како сегашните кои се во приватните Домови за стари лица„ изјави градоначалникот на Кочани,  Владко Грозданов.

Во меѓувреме на тендерот за изградба се пријвиле пет компании. Поради обемната документација доставена од понудувачите, електронската аукција која требаше да се одржи деновиве, е презакажана за наредната недела. До крајот на месецот се очекува да биде избрана компанијата што ќе го гради вториот државен дом за стари лица во Источниот регион.

Реклама

„Се надеваме дека во текот на наредната недела ќе ја распишеме и аукцијата каде сите оние кои ги исполнуват условите ќе може да аплицираат на негативната аукција и со тоа очекуваме избор на најповолен понудувач, односно изведувач на Домот на стари лица во Кочани„ изјави градоначалникот на Кочани, Владко Гроздаднов.

Изградбата на Домот на стари лица во Кочани, ќе чини околу 226милиони денари, средства обезбедени преку унгарскиот кредит. Согласно планот, откако ќе започнат градежните активности објектот се очекува да биде готов за две години.