Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Кочанската болница се екипира, но и понатаму има кадровски предизвици

Кочанската Општа болница добива кадровско засилување, а недостотатокот од специјалисти, полека се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кочанската Општа болница добива кадровско засилување, а недостотатокот од специјалисти, полека се надминува.  Веќе е реновирнаа ординацијата за уво, нос и грло , а е ангажиран и специјалист од оваа област, додека Итната медицинска помош, располага со доволен број на тимови, со што службата непречно може да одговори на повиците за интервенција.

Се очекува дополнително екипирање со специјалисти и на одделите за гинекологија и интерна медицина. Со ова значително ќе се подобри здравствената заштита на граѓаните, но и ќе се намали оптовареноста на постојниот медицински персонал.

   „Во однос на општи лекари во Итната медицинска помош, таму сме покриени. Добивме нови вработувања и ќе имаме услови да пратиме лекари на специјализација и да имаме доволен број на тимови. Сега очекуваме да добиеме тројца нови специјалисти по гинекологија, тројца специјалисти по интерна медицина„ изјави д-р Катерина Паниќ-Мирчовска, директор на Општа болница-Кочани.

Реклама

По пожарот во дискотеката Пулс и големиот број повредени, болницата има најголема потреба од специјалисти по физикална медицина. Недостатокот засега се решава со ангажирање на физијатри од другите болници, за да се обезбеди навремена грижа за пациентите кои настрада во пожарот. 

   „Недостатокот е насекаде, не само кај нас. Заради ситуацијата што ни се јави, највееројатно ќе имаме потреба уште од еден специјалист по физикална медицина….знаете кога нешто подолго време не било реновирано оди тешко и не се знае на кој оддел да се даде приоритет. Но на овие одели каде веќе биле повредените добиваат некакво ново руво„ изјави директорката на ОБ-Кочани, д-р Катерина Паниќ-Мирчовска.

Освен недостаток од специјалисти, на кочанската болница и е потребен дополнителен технички персонал, како и медицински сестри и болничари. На последниот оглас за вработување, распишан минатата година за позицијата медицинска сестра, не се јавил ниту еден, поради што огласот пропаднал.