Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Герасимовски: Светиот крст донесе благослов и желби за благосостојба на сите граѓани во Општина Центар

Градоначалникот Горан Герасимовски денеска во просториите на Општина Центар го примил Дарко…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот Горан Герасимовски денеска во просториите на Општина Центар го примил Дарко Митровиќ, кој вчера, на празникот Богојавление – Водици, го извади светиот крст од водите на Вардар.  Тој  беше најсреќниот меѓу 160-те учесници на централната манифестација кај мостот „Слобода“ во Скопје.

-Општина Центар уште еднаш му го честита овој голем успех и му посакува благословот да го следи него и неговото семејство во текот на целата година. Дарко дојде во посета на општината носејќи го со себе светиот крст, со што симболично го пренесе благословот до сите служби и граѓани. Оваа посета беше посветена на заедничките желби за здравје, среќа и општа благосостојба на сите кои живеат и работат во Центар, соопшти Општина Центар. 

Подвигот на Митровиќ му го честитал градоначалникот Герасимовски. 

Реклама

-Ми претставуваше искрено задоволство што лично му честитав на Дарко за неговиот подвиг.  Тој денеска дојде со светиот крст како симбол на надеж и духовен мир, со искрена желба за среќа и просперитет на сите негови сограѓани. Општина Центар секогаш ќе ги негува традициите што нè обединуваат и носат позитивна енергија во нашето секојдневие, изјавил градоначалникот на Центар.