Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Масовно за Богојавление во Охрид – крстот во рацете на Мартин Гоџо

Древниот тропар ,,Во Јордание” одекнуваше низ калдрмисаните улички во стариод дел на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Древниот тропар ,,Во Јордание” одекнуваше низ калдрмисаните улички во стариод дел на Охрид, наговестувајќи дека чесниот крст повторно е во рацете на варошани.По трет пат од осветените езерски води крстот го извлече 29 годишниот Мартин Гоџокој за големиот христијански празник Богојавление се капи од своја 7 годишна возраст.

 “Посакувам секој православен христијанин,секој верник да ја искуси барем еднаш во неговиот живот оваа благодат,овој свет крст.Желбата е голема, така сме задоени ние што живееме во стариот дел на градот, задоени сме со оваа традиција” -вели Мартин Гоџо, фаќач на крстот

Тајфата на Гоџо ќе се обиде да тропне на сечија врата -за како што вели, чесниот крст да влезе во сечиј дом и да го освети. Тој ги претекна стотиците капачи кои дојдоа од сите градови на земјава и на кои нити исклучително ниската температура на водата од 8 степени не ги поколеба да си ја пробаат среќата. Екипите на Црвениот крст задоволни од тоа како протече манифестацијата.Спасителите и медицинските тимови имале 20  интервенции во вода и на копно.

Реклама

” Имавме несвестица прво пред почетокот на самиот настан,сега имаме колабирано дете,се третира и се е во најдобар ред.Останатите кои беа во вода,тоа се премрзнувања што не можеа да издржат да допливаат “–  вели Сашо Точков Црвен крст, Охрид

По симболичното капење во водите кое значи духовно раѓање, верниците се покрстуваа миејќи се и налевајќи од езерската вода која ќе ја понесат дома.

-“Јас од Бугарија за прв пат дојдов за Богојавление,наполнавме вода за здравје; -Јас се викам Јордан,за мене Богојавление е свет ден,на 75 години доживеав да го видам осветувањето на езерските води.; -Да види цел свет што значи христијанството,ова е еден од најубавите празници на православието ;-Се радуваме,ова е убав, голем дел за нашата традиција, култура,за православието.Честитки до секој што е тука во нашата држава,посакувам се најубаво,многу здравје, среќа,успеси ,љубов.Бог се јави”-порачаа туристите

Со желби за добро здравје и среќа,градоначалникот на фаќачот му подари осветена икона и крст израборен од филигран. Пецаков и  нашиот сограѓанин ,вицепремиерот Николоски упатија празнична порака и до своите сограѓани.

 “Да расте од година во година, да има што поголем број и да биде покрај религиски празник кој  охриѓани го слават,да биде и туристичка атракција каде што многу странски туристи ќе можат да видат што е тоа традиција, христијанство и што значи за нас”- рече Кирил Пецаков, градоначаник на Охрид

 “Би сакал да го честитам големиот христијански празник Богојавление Водици, за Охрид најголем поразник.Драго ми е што имаме прекрасен ден, мислам дека имапе преку 20.000 луѓе кои што се појавија на гратското пристаниште.Многу туристи видов тоа ми е навистина драго “- рече Александар Николоски, вицепремиер

И годинава празнично се одржи групно крштевање во водите на Охридското Езеро,убава традиција која започна пред 16. Години. Охриѓани буквално живеат за овој ден, бидејќи фрлањето на крстот е традиција која ја негуваат од памтивек.