Реклама
Прилози

Охрид подготвен за Водици

Охрид-центарот на православието, блесна со исконска убавина. Охриѓани буквално живеат за големиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охрид-центарот на православието, блесна со исконска убавина. Охриѓани буквално живеат за големиот христијански празник Богојавление-Водици,бидејќи фрлањето на крстот е традиција која ја негуваат од памтивек.За оваа црковно народна манифестација,секој сака да биде во градот кој е македонската духовна престолнина. Положувањето на светиот крст во езерските води годинава ќе го изврши митрополит Дебарско-кичевски, г.Георгиј кој неодамна ја превзеде епархијата.

Централна богослужба оваа година ќе биде во црквата Успение на Пресвета Богородица, Каменоско каде ќе чиноначалствува неговото високо превосвештенство митрополитот на  Дебарско-кичевската епархија г.Георгиј.Литургијата почнува во 11 часот за во 9.45 ч да тргнат литиите кон гратското простаниште и во 10ч да се осветат водите на Охридското езеро-вели Илија Ристески,свештеник

Сите капачи кои сакаат да скокаат во осветените езерски води, пожелно е денес да се јават на медицински преглед.

Реклама

И препорачуваме на сите да дојдат, да одвојат 5 мин и да ја видат својата здравствена состојба,да ги добијат препораките, са знаат каде е движењето и каде ќе се тимовите за недај Боже вели Сашо Точков,Црвен крст Охрид

Верските празници не се само датуми во календарот туку столбови на духовноста,преку кои народот го препознава сопствениот идентитет,вкоренет во верата и обичаите.Ако во Охрид празнувањето на Водици има особено значење,тивкиот чувар на огништето,Свети Василиј и традиционалната прослава на стара Нова година во Вевчани, која кулминира со карневал, надалеку ја прочу најмалубројната општина во Македонија.Хроничарот Анастас Ќушкоски кому пасија му се некогаш забрануваните женските маски, го прашавме дали има разлика во начинот на кој се празнувал Свети Василиј некогаш и сега.

Јас во моите 83 години барем сум ја почувствував таа разлика од оние традиционални маски кои се изработуваа од природни материјали до овие најсовремени.Поготово сега со оваа вештачка интелигенција, јас не знам што ќе се случи со карневалот, затоа што тоа веќе станува нереална слика. А оние реалните зборуваат нешто друго, треба да ја прочиташ душата на човекот.Карнавалот свој примеси почнувал да добива и со начинот на живот, со печалбарењето.Се носеле многу идеи од надвор.Многу делови на реквизити се носени, носени се маски од Италија, носени се сабји од Романија за да се заигра орото со сабја.”-вели Анастас Ќушкоски-хроничар

Никој не знае колку маски имало до сега,оти откако постои Вевчани,од тогаш постои и карневалот.Вевчани како моќна населба се спомнува уште во 9-тиот век,раскажува Ќушкоски.