Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Подготовки за Водици: Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје

Речиси 140 лица досега се пријавени за учество во традиционалното спуштање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси 140 лица досега се пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот во Вардар во центарот на Скопје на 19 јануари на Богојавление – Водици, информира денеска отец Благоја од храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје.

Пријавувањето за учество на манифестацијата „Водици 2026“ беше од 3 јануари до денеска зад соборниот храм „Свети Климент Охридски“, во Митрополијата.  До денеска се издаваат и лекарските потврди од Институтот за спортска медицина. 

– Оние што се во ред со здравјето може да учествуваат на манифестацијата „Водици“. Има голем интерес и досега се пријавени речиси 140 граѓани. Вечерва до 19-20 часот ќе се земе списокот и ќе се види точниот број. Малолетници може да учествуваат со дозвола од родител и со потврда од спортска медицина и ќе треба да присуствуваат со родител. Потребни се лична карта и потврда од спортска медицина, заверка на картоните на самиот ден – 19 јануари. В понеделник во 7.30 часот секој што е запишан и има добиено картонче за учесник да дојде зад храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, каде што ќе се стави печат на картоните и само така ќе бидат пропуштени од МВР покрај реката Вардар за да учествуваат во манифестацијата – рече отец Благоја.

Реклама

Тој изјави дека некои од учесниците постат и сакаат да се причестат пред спуштањето на светиот крст. Оној што прв ќе стигне до крстот, ќе биде соодветно награден од МПЦ. 

Одбележувањето на празникот Богојавление ќе почне во 9 часот во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, каде што ќе богослужи поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архипископот г. г. Стефан. 

Сто и единаесет граѓани се пријавени за учество во традиционалното положување на крстот во Вардар, што ќе се одржи на 19 јануари на Богојавление – Водици во центарот на Скопје, информираа ден

По завршувањето на литургијата, богојавленските литии заедно со свештенството во поворка ќе се упатат кон мостот „Слобода“ кај хотелот „Холидеј ин“, каде што ќе почне водосветот, а потоа околу 12 часот поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архипископот г. г. Стефан, ќе го спушти светиот и животворен крст во водите на Вардар.

Според верувањата, оној што ќе го фати крстот, ќе го следи среќа и благослов цела година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот водите стануваат лековити.

Во земјата, во согласност со Законот за празниците, Богојавление – Водици е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед.