Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Комеморација во чест на Драган Б. Костиќ

Овој глас со децении беше дел од секојдневието на илјадници слушатели на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Овој глас со децении беше дел од секојдневието на илјадници слушатели на Македонското радио. Драган Б. Костиќ, еден од највлијателните радиоводители и музички новинари во историјата остави неизбришливи траги во Македонскиот етер, а македонската култура изгуби незаменлив креативец. Во Младинскиот културен центар се одржа комеморација каде што неговото семејство и најблиски со солзи споделија дел од спомени и анегтоди во негова чест.

„Драган беше интелектуалец на високо ниво, пишуваше книги, се интересираше за политика, секој пат ми кажуваше што има ново, ново во музичкиот свет и стално бев информиран од него. Еден ден знам дека и јас ќе дојдам кај тебе и можеби повторно ќе направиме небески диско Турист…“– вели Бранислав Димитријевиќ.

„Чест ми е што растев во времето со него. Драган што ќе кажеше беше закон…“– вели Петар Георгиевски.

Реклама

За најблиските, Драган бил човек од кого можеле да научат нешто ново од култура, уметност, до секојдневни случувања и трендови. Своја трага оставил и во ноќниот живот по што граѓаните и денес го паметат.

„Нема да зборам многу, а и не можам. Само ќе кажам безброј вечери во диско Турист. Безброј вечери со музики. Ме запозна со мојата сопруга, Драгче 40 години сме заедно, фала ти за се.“– вели Дарио Панковски.

„Драган беше човек со кого можев да разговарам за се, можевме да разговараме за секакви теми. Он беше една неисцрпна енциклопедија за музика. На секоја средба не пропушташе да ми раскаже по нешто од книгата која ја подготвуваше.“– вели Ласко Џуровски.

Поради неговата посветеност и знаење, преку „Диско Селектор“, „Заборави ако можеш“ и други проекти и емисии, Драган засекогаш ја сменил домашната културна сцена.

ТОНСКО- ЗОРАН РИСТЕВСКИ

„Целата култура на DJ-ing и создавање радио програми, тој свет го донесе во Македонија на 10000 начини.“– вели Зоран Ристевски.

Трагата што ја остави Драган Б. Костиќ во македонската музичка и медиумска култура е огромна. Со него иарзснаа генерации вљубеници во музиката. Тој почина на 20 декември лани, на 75 годишна возраст.