Реклама

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Македонија

РСБСП: Внимателно и одговорно учество во сообраќајот за продолжениот викенд и за Богојавление – Водици

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во пресрет на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во пресрет на претстојниот верски празник Богојавление – Водици и за време на продолжениот викенд апелира до сите учесници во сообраќајот да постапуваат одговорно и совесно, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот на патиштата и заштита на човечките животи.

Од РСБСП информираат дека се очекува зголемување на интензитетот на сообраќајот, особено на патните правци кои водат кон туристичките места каде традиционално се одбележува празникот. Поради зголемената фреквенција на возила и можните неповолни временски услови, потсетуваат на потребата од: почитување на сообраќајните правила и прописи, прилагодување на брзината на движење според состојбата на патиштата и временските услови, да не се управува со возило под дејство на алкохол или други психотропни супстанции, навремено информирање за состојбата на патиштата и временската прогноза пред и за време на патувањето, соодветна подготовка на возилата за патување на зимски услови и задолжително поседување на пропишана зимска опрема во возилата, зголемена внимателност кон пешаците, велосипедистите и другите ранливи групи на учесници во сообраќајот.

– Безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност на сите нас. Со одговорно однесување, почитување на правилата и прописите, меѓусебна толеранција, секој од нас може да придонесе за побезбедни патишта и зачувување на човечки животи. РСБСП посакува среќни празници и безбедно учество во сообраќајот. „Празнувај одговорно, пристигни безбедно – секој живот е важен“, се наведува во соопштението.