Реклама

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Македонија

Општина Пехчево со појаснување за третманот на уличните кучиња

Општина Пехчево преку соопштение до јавноста информира дека постапува согласно законските надлежности…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Пехчево преку соопштение до јавноста информира дека постапува согласно законските надлежности во однос на проблемот со уличните кучиња, по реакциите и писмените барања кои во изминатиот период пристигнале до општината, како и коментарите на социјалните мрежи.

Како што се наведува, согласно член 28 од Законот за заштита и благосостојба на животните, Општина Пехчево има изготвено План за третман на бездомни, регистрирани и нерегистрирани кучиња. За таа намена, на 27 март 2025 година е спроведена јавна набавка за заловување, прифаќање и третирање на кучиња скитници, при што е избран оператор – ДООЕЛ Ветеринарна станица Виница, со кој е склучен договор со важност до 27 март 2026 година.

Од општината информираат дека согласно договорот и предвидениот буџет, веќе е извршено заловување на кучиња скитници на територијата на општината, во присуство на службено лице и со комплетна евиденција за секое заловено куче.

Реклама

-По заловувањето, кучињата се кастрираат или ојаловуваат, здравствено се третираат, добиваат превентивна здравствена заштита и се подложуваат на тест за социјализација, согласно прописите од областа на ветеринарното здравство. Потоа, истите треба да се вдомат или да се вратат во реонот од каде што биле заловени, се наведува во соопштението.

Бидејќи дел од заловените кучиња не биле вдомени, по завршените постапки тие повторно се вратени на територијата на Општина Пехчево.

Од локалната самоуправа посочуваат дека главната причина за појавата на улични кучиња е неодговорното сопствеништво и апелираат до граѓаните кои чуваат домашни миленичиња да се грижат совесно и одговорно за нив.

Воедно, општината ги има известено надлежните институции за постапување по случаите на неодговорно сопствеништво, при што, како што се наведува, неодговорните сопственици ќе бидат санкционирани согласно законските прописи.