Реклама

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Македонија

Избрана фирмата која ќе го инсталира СКАДА системот на штипската водоводна мрежа

Заврши тендерската постапка за избор на изведувач на СКАДА системот на водоводната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заврши тендерската постапка за избор на изведувач на СКАДА системот на водоводната мрежа во Штип. Капитален проект, којшто е е во насока на подобрување и решавање на водоснабдувањето на домаќинствата и стопанските објекти. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска изјави дека на 35 точки ќе се инсталираат уреди, со кои ќе се регулира протокот на водата за пиење, ќе се намалат загубите на водата низ мрежата, но и веднаш ќе се детектираат дефектите. 

-Очекуваме во наредните месеци по завршувањето на овој проект, со којшто ќе имаме поголема контрола на водоснабдувањето, на протокот, на загубите на водата, да се подобри и финансиската состојба во Јавното претпријатие „Исар“ и зголемена контрола на самиот систем. СКАДА системот предвидува можност електронски, дигитално да се контролира протокот на водата во водоводната мрежа, изјави Јорданов. 

Тој истакна дека двата резервоари во населбите Пребег и Мерите веќе се изградени, сега треба да следи постапката на нивно поврзување со цевковод, по што ќе бидат ставени во функција на водоводната мрежа. Овие два резервоари се значајни пред се високите зони во градот Штип, кои во текот на летото имаат проблеми со притисокот на водата, но и често има прекини во водоснбадувањето. Јорданов очекува овие два големи проекти да се реализираат до почетокот на летото. 

Реклама

Со СКАДА системот уште во првата година се очекува загубите на водата за пиење низ водоводната мрежа да се намалат за 20 отсто, а во моментов изнесуваат 62 процента. Анализите на ЈП „Исар“ покажуваат дека штетата од загубите на водата за пиење кои изнесуваат 62 отсто изнесува околу 2,5 милиони евра на годишно ниво. Инаку, СКАДА системот чини околу 500.000 евра, а средствата се обезбедени од вториот повик на Владата од унгарскиот заем.