Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Жител на Богданци под истрага за свирепо убиство на сопствената мајка

Основното јавно обвинителство – Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство – Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице од Богданци, осомничено дека на 11 јануари на свиреп начин ја лишил од живот својата мајка. 

Како што информира Обвинителството, настанот се случил во стан во Богданци, каде што двајцата живееле под закуп. Според наводите, меѓу мајката и синот избила расправија околу лекувањето на осомничениот, по што тој зел нож од кујната и ѝ нанел повеќе убоди во главата и вратот. 

– Во станот во Богданци каде што живееле под закуп, мајката и синот започнале расправија околу лекувањето на осомничениот. Во еден момент тој зел нож од кујната со кој и нанел повеќе убоди на мајката во главата и вратот. Бидејќи ножот се скршил, зел ножици и со нив продолжил да и задава убоди, па откако и тие се свиткале од кујната зел друг нож за сечење зеленчук со шилест дел со кој ја прободел во вратот. Од бројните убоди жената искрварела и починала, стои во соопштението.

Реклама

Поради постоење околности, додаваат, кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да влијае врз сведоците што треба да бидат испитани во текот на постапката, јавниот обвинител предложи на лицето да му биде определена мерка притвор.