Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Вевчани подготвено за ново карневалско доживување

Сè е подготвено за годинешното издание на Вевчанскиот карневал, што утре и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сè е подготвено за годинешното издание на Вевчанскиот карневал, што утре и в среда ќе се одржува на улиците во Вевчани, потврди градоначалникот на општина Вевчани, Спасе Кочовски. 

Забавниот дел од манифестацијата почнува вечерва со настапи на Влатко Лозаноски, рап-дуото „Пука козметика“ и „Брас брадрс“. Традиционално, забавата ќе продолжи утревечер со фолк-музика за која годинава се задолжени Благоја Грујовски, Влатко Миладиновски со оркестарот на Златко Миладиновски и оркестарот со зурли и тапани „Вевчани“, а треба да заврши со настап на Перо Бели и групата „Вип“.

Временските услови, како што рече градоначалникот, не треба да се пречка за оние што сакаат да го посетат Вевчани и да уживаат во карневалската магија.

Реклама

– Снег има, улиците се чисти и проодни. Тековно ги одржуваме со сол и песок, нема најава за нови врнежи. Добредојдени се сите што сакаат да уживаат во вековната традиција – изјави Кочовски.

Тој вети ново и неповторливо карневалско издание со своите традиционални карактеристики, хумор, забава и дружење. Сместувачките капацитети, иако во мал број, според него, се исполнети до последното место.

Василичарскиот дел почнува утре попладне со дефиле под маски на вевчанските улици. Преку маските вевчанци на сатиричен начин ќе ја прикажат изминатата година. Василичарите велат дека секоја маска е одраз на настаните, појавите и проблемите што ја одбележале изминатата година.

– Маските се централниот елемент на Вевчанскиот карневал и најпрепознатливиот дел од традицијата. Тие не се изработуваат случајно ниту, пак, се користат само за визуелен ефект. Секоја маска носи порака, став или критика кон општеството, политиката или секојдневниот живот. Секогаш се инспирирани од настани и појави што ја одбележале изминатата година, што му дава на карневалот улога на жив хроничар на времето – посочуваат вевчанските василичари. 

Според традицијата, Вевчанскиот карневал, стар речиси 15 века, почнува на 13 јануари напладне со дефиле на маски на двете василичарски друштва „Горна“ и „Долна маала“. Неизоставен дел од традицијата се зетот, невестата, двата ѓавола, Глупавиот Август и други маски инспирирани од актуелните политички и секојдневни случувања. Секое карневалско издание за вевчанци е доживување. Тие ќе кажат сè, но до дефилето не откриваат во што ќе се маскираат. Изработката на маските, според нив, е сложен и креативен процес, кој вклучува рачна работа и оригинални идеи, што ја прави секоја маска уникатна.

Манифестацијата завршува со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани на 14 јануари.